Американски функционер: Србија мора да воведе санкции против Русија ако сака да напредува

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Висок американски функционер ја повика Србија во четвртокот да воведе санкции кон Русија поради нејзиниот напад врз Украина, доколку сака да „напредува“.

„Ги почитуваме позициите на лидерите во Белград, но од практични причини веруваме дека сè додека Србија се држи настрана од санкциите, таа не може да напредува“, изјави за новинарите советникот на американскиот државен секретар, Дерек Шолет, по разговорите со највисоките српски претставници во Белград.

Оценејќи го фактот што Србија во ОН гласаше против руската инвазија како значаен, тој го повика Белград „да застане уште повеќе покрај Украина, на која ѝ треба позначајна поддршка“, но и да го „казни однесувањето на Русија“.

Слични содржини