Американски медиуми: Белата куќа побарала подготвителни операции за напад на Иран

од desk2
126 прегледи

Американскиот Совет за национална безбедност побара минатата еден од Пентагон да му подготви опции за напад на Иран, откако група бунтовници поврзани со Техеран испалија гранати на подрачјето на Багдад во кое се наоѓа американската амбасада, објави во неделата The Wall Street Journal (WSJ).

Барањето на Советот предводен од Џон Болтон предизвика голема загриженост во Пентагон и Стејт Департментот, наведува весникот, повикувајќи се на сегашни и поранешни американски службеници, пренесе агенцијата ројтерс.

Пентагон го исполни барањето, но не се знае дали опциите за напад на Иран биле пратени во Белата куќа и дали за нив знаел претседателот Доналд Трамп.

Барањето е поттикнато со инцидентот кој се случи во септември, кога три гранати паднаа на дипломатскиот кварт во Багдад.

Паднаа на празно подрачје и немаше жртви.

Портпаролката на Стејт Департментот одби да ја коментира веста, како и државниот секретар Мајк Помпео.

Портпаролот на Пентагон исто така, немаше коментар, а Белата куќа и Советот за национална безбедност не биле достапни, пренесе Ал Џезира Балканс.

Слични содржини