Американски носач на авиони од Втора светска војна најден по 76 години

од desk2
90 прегледи

Остатоците од американски носач на авиони што потонал во Втората светска војна беа најдени во близина на крајбрежјето на Австралија.

USS Lexington беше најден 3 километри под вода во Коралното Море, на околу 800 километри од источниот брег на Австралија.

Бродот потонал во Битката кај Коралното Море против Јапонија што траела од 4 до 8 мај, 1942 година. Повеќе од 200 морнари и војници загинале во борбите.

Американската морнарица потврди дека воениот брод го нашол итражувачки тим предводен од коосновачот на „Microsoft“ Пол Ален.

Lexington, заедно со 11 од вкупно 35 авиони, го најде компанијата на Ален „Vulcan“ во неделата.

Адмиралот Хари Хари, шеф на Пацифичката команда на САД, го пофали подвигот.

„Како син на еден од преживеаните од USS Lexington, им честитам на Пол Ален и експедицискиот тим што ја лоцираа Лејди Лекс“, изјави тој.

Битката кај Коралното Море се смета за клучен момент во запирањето на напредувањето на Јапонија кон Пацификот во Втората светска војна.

Американците намерно го потонале Lexington откако бил погоден од неколку јапонски торпеда и бомби за време на битките.

Американската морнарица рече дека 216 членови на екипажот загинале во нападот на бродот, а повеќе од 2.000 биле спасени.

„Lexington ни беше приоритет бидејќи беше еден од капиталните бродови што ги изгубивме во војната“, рече портпаролот на „Vulcan“ Роберт Крафт.

Бродот нема да биде извлечен бидејќи Морнарицата го смета местото за воена гробница.

Крафт рече дека им требале околу шест месеци планирање за да го лоцираат бродот.

Лани „Vulcan“ ги најде остатоците од USS Indianapolis, што потона во јули, 1945 година.

Беше најден заедно со јапонскиот воен брод Musashi и италијанскиот Artigliere о истиот период.