Одри и Хари се двојка од Америка која патува низ светот и информира многу следбеници за нивните авантури на Фејсбук страницата наречена „The Budget Savvy Travelers“. Тие, како што наведоа, досега посетиле 69 земји, а меѓу последните дестинации биле Босна и Северна Македонија.
Хари објави фотографија од локален македонски ресторан која привлече големо внимание.
„Отидов во Македонија и порачав хамбургер со помфрит – еве што добив!“, напиша Хари над објавата на која се гледа голем овал исполнет со месо, салата, помфрит и грав.
Како што вели, додека бил во Босна нарачал кафе во кафеана и добил нешто што го изненадило.
„Нарачав кафе во Босна и еве што добив“, напиша тој над сликата.
Имено, традиционално му послужиле кафе во мало бакарно ѓезве со филџан без рачка, локум, како и кибрит и цигара.
Некои следбеници во коментарите коментираа дека ваквото кафе е најубаво на светот, а имаше и такви кои на шега напишаа дека сега ќе испијат чашка ракија во име на Одри и Хари