Американски сендвич Sloppy Joe

од desk2
96 прегледи

Ако сакате вашите деца да уживаат во вечерата тогаш Sloppy Joe е вистинскиот избор за вас.

СОСТОЈКИ:
350 гр мешано мелено месо
1 главица кромид
4 лажици кечап
2 дл доматен сок
сол
бибер
оригано
мајчина душица
земички
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во длабока тава загрејте масло, ставете кромид и пропржете додека не добие стакласта боја. Додајте месо и пржете додека не порумени. Во меѓувреме додајте зачини, оригано, босилек, сол, бибер и останато по желба.
Додека месото се пржи, измешајте доматен сок и кечап и полијте го месото. Така се крчка час и половина, а може и подолго. Сами проценете. Кога месото ќе биде готово ставете во издлабени земички и послужете за вечера.

Слични содржини