Американски студии: Бустер дозите се потребни против омикрон

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Три американски студии објавени синоќа дадоа дополнителен доказ дека вакцините против коронавирус се ефикасни против сојот омикрон, барем кај луѓето кои примиле бустер дози.

Ова се првите големи американски студии за тоа колку вакцините штитат од омикрон, велат здравствените власти.

Наодите се слични на претходните истражувања, вклучително и студиите во Германија, Јужна Африка и Британија, кои покажуваат дека постоечките вакцини се помалку ефикасни против омикрон отколку претходните соеви на коронавирусот, но дека бустер дозите можат значително да ја подобрат заштитата, објави Гласот на Америка.

Првата студија ги разгледа хоспитализацијата и посетите на итната медицинска помош во 10 држави, од август до јануари.

Утврдено е дека ефикасноста на вакцината е најдобра по три дози на Фајзер или Модерна за да се спречи потребата од хоспитализација или третман во ковид-центрите.

Заштитата падна од 94 отсто за време на бранот со сојот делта на 82 отсто за време на бранот омикрон. Заштитата што ја обезбедувалр две дози од вакцината била помала, особено ако поминале шест месеци од втората доза.

Друга студија се фокусираше на случаи на инфекција со коронавирус и смртни случаи во 25 држави, од почетокот на април до Божиќ.

Американците кои примиле бустер доза имале најголема заштита од инфекција со коронавирус во време кога доминираше сојот делта, но и кога омикрон ја презеде доминантната улога.

Двата написи беа објавени од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Весникот на Американското медицинско здружение објави трета студија, исто така спроведена од истражувачи на ЦДЦ. Со неа беа вклучени луѓе кои беа позитивни на коронавирус од 10 декември до 1 јануари, во повеќе од 4.600 центри за тестирање низ САД.

Три дози вакцини Фајзер и Модерна биле околу 67 проценти ефективни против симптоматските болести поврзани со омиркон во споредба со невакцинираните.

Сепак, две дози не обезбедиле значителна заштита од омикрон, открија истражувачите.

Слични содржини