Ако веќе ви стана рутина да чистите пакувањата на прозиводите што ги носите од продавниците или доставените пакети, можеби е време да ја преиспитате таа одлука, велат експертите, особено ако тоа ви предизвикува дополнителен дневен стрес. Од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) посочуваат дека не постои реален ризик од инфекција со коронавирус преку овој пат.
„Ве уверуваме дека нема докази дека човечката или животинската храна и амбалажи на нивните производи се поврзани со преносувањето на коронавирусот“, објави ФДА на Твитер.
Ејми Лојд-Смит е еден од научниците вклучени во анализата колку коронавирусot останува на различни површини. И покрај истражувањето откриено дека вирусот останува на картонски површини до 24 часа, а на метал и пластика до два-три дена, Лојд-Смит не ги мие амбалажите на производите.
„Не го правам тоа“, вели научникот, додавајќи дека кон рацете се однесува како да се потенцијално контаминирани, додека ги допира производите и ја отстранува храната од амбалажата, така што откако ќе го стори тоа, тој секогаш ги миел рацете.
Вирологот Џон Вилијамс, кој со децении го проучувал коронавирусот, исто така не е загрижен.
„Ние малку готвиме дома и малку нарачуваме храна за нашиот дом, сега кога е полн со студенти кои се вратија од колеџ“, вели Вилијамс и додава дека не ја отстрануваат амбалажата на храната ниту од ресторанот.
„Шансите некој да „остави“ доволно вирус на храната или пакувањето е многу мал и јас го гледам ова како хипотетички ризик“, вели Лојд-Смит.
„Затоа, јас сум внимателен, редовно ги мијам рацете, но не затоа што мислам дека зрачат со вирусот“. Неговиот совет за третман би се сменил, вели Лојд-Смит, доколку станува збор за постара личност или некој чиј имунитет е нарушен, пренесува Танјуг.
„Едноставната и разумна претпазливост за храната, која не мора да се лади, е да ги оставите да отстојат еден или повеќе дена пред да ги отворите“, додава тој. „Ваквата постапка значително ќе го намали количеството на можна контаминација“.