Американски воен авион се урна во океанот кај Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Американски воен авион во кој се наоѓале осум лица се урна денеска во океанот во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Портпаролот на јапонската крајбрежна стража изјави дека нема дополнителни информации за инцидентот, што значи дека нема информации за безбедноста на луѓето кои биле во авионот „Оспреј“

Несреќата се случила околу 14 часот и 47 минути по локално време, а граѓаните пријавиле дека се запалил левиот мотор на авионот и дека леталото паднало во океанот, јави јапонската телевизија MBC.

Портпаролот на американските сили во Јапонија се уште не го коментирал инцидентот, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини