Американскиот амбасадор во Бугарија: Сакаме да ја видиме С. Македонија во ЕУ, двете земји да ја ублажат реториката

од Nikola Popovski
345 прегледи

Американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен вчера во интервју за бугарските медиуми ги прокоментирал македонско-бугарските односи и како Вашингтон гледа на комуникацијата меѓу двете земји.

-Јас не сум амбасадор во Северна Македонија. Не го доведувам во прашање тоа кое што го кажувате, но знам дека нашата политика е да го промовираме она што сакаме да го видиме во Југоисточна Европа. И ние сакаме да видиме длабока европска интеграција, што значи приклучување кон ЕУ на Албанија и Северна Македонија, како и на други земји од регионот. Сфаќаме дека немаме глас во овој процес, но се надеваме дека тоа ќе се случи. Би сакале да видиме преземени чекори во двете земји за ублажување на реториката. За да може да се водат повеќе разговори за тоа како да се решат различните ставови на Бугарија и Северна Македонија на разумен и организиран начин, рекол Мертен во интервју за „Дир“, oткако новинарот го прашал како гледа на тоа што американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер изјавила дека „Бугарија користи агресивен јазик што не се базира на факти“.

Слични содржини