Американскиот МО криеше дека има рак, сега ќе биде сослушан пред Конгресот

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари поради тоа што не открил дека има рак и бил хоспитализиран. За неговата состојба не бил известен дури ни претседателот Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Конгресот.

„Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом дека секретарот Остин ќе сведочи пред комисијата на 29 февруари во врска со неговото необјавување на неговата хоспитализација“, истакна портпаролката на Комитетот за вооружени служби, Џастин Трипати.

Остин се извини за време на телевизискиот брифинг минатата недела што не им кажал навреме на Бајден и на високиот персонал за неговата неодамнешна дијагноза на рак на простата, додавајќи дека стравот за неговото здравје бил голем удар за него.

Инцидент кој предизвика политички бунт

Остин (70) се извини и за начинот на кој се справил со последователната хоспитализација, која со денови се чуваше во тајност од јавноста, високиот персонал и самиот Бајден. Инцидентот предизвика политички бунт. Некои истакнати републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, побараа смена на Остин од функцијата.

Остин е пензиониран генерал со четири ѕвезди, кој ги водеше силите во Ирак и е првиот секретар за одбрана на Америка со црна боја на кожа. Бајден, демократ, рече дека има доверба во Остин, и покрај тоа што претседателот се согласи дека тоа било погрешна проценка од страна на скеретарот.

Слични содржини