Американскиот Сенат донесе закон за забрана на Тик-Ток на службените владини телефони

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Американскиот Сенат усвои закон со кој им забранува на вработените во федералните институции да ја користат апликацијата Тик-Ток на службените телефони.

Претходно оваа недела, Тик-Ток беше забранет на службените телефони во државите Северна Дакота и Ајова, Алабама и Јута, а Тексас, Мериленд и Јужна Дакота најавија забрани, пренесува „Ројтерс“.

Во август 2020 година, Сенатот одобри нацрт-закон со кој се забранува употребата на тие апликации на телефони во државна сопственост.

Слични содржини