326
Американскиот Сенат не донесе закон со кој правото на абортус, заштитено со пресудата на Врховниот суд во случајот Роу против Вејд, ќе го претвори во федерален закон.
Републиканците го блокираа гласањето на законот со „филибастер“, односно правото на неограничена дебата, што јасно ги покажа партиските поделби што постојат во врска со историската судска одлука и ограничувањата на законодавната гранка на власта, пренесува „Гласот на Америка“.
Тоа беше обид да се зачува речиси 50-годишната судска одлука со која се прогласува уставното право на абортус, кое сега е во сериозна опасност да биде поништено во Врховниот суд од страна на конзервативното мнозинство.