Американските царини од 25% на автомобилски делови стапија на сила

од desk4
105 прегледи

Соединетите Американски Држави денеска ја воведоа царината од 25 проценти за увоз на автоделови, како дел од политиката на претседателот Доналд Трамп за поддршка на домашното производство и преиспитување на трговските односи со различни партнери. Оваа одлука стапи на сила еден месец по воведувањето на увозните давачки за автомобили.

Претседателот Трамп потпиша наредба на 29 април, со која се ублажува влијанието на неговите увозни тарифи врз американската автомобилска индустрија. Според мерките, производителите на автомобили ќе имаат можност да ги компензираат трошоците за увоз на автоделови. Ограничениот надоместок ќе биде 3,75 проценти од предложената малопродажна цена на сите автомобили што се произведуваат во САД, што ќе се намали на 2,5 проценти во втората година и ќе биде целосно елиминиран по таа година. Дополнително, компаниите ќе плаќаат царински давачки само за увезените делови, избегнувајќи дополнителни даноци за челик и алуминиум.

На 2 април, Трамп потпиша извршна наредба за воведување реципрочни тарифи на увозот од различни земји. Основната царинска стапка беше поставена на 10 проценти, а повисоки стапки беа применети за 57 земји, врз основа на трговскиот дефицит на САД со секоја поединечна нација. Со оваа политика, администрацијата на Трамп продолжува да се фокусира на заштита на домашното производство и намалување на трговскиот дефицит на САД.