Американските и индиските компании организираат експедиции за лет кон Месечината

од desk4
70 прегледи

За 6 месеци, американската компанија Мун експрес може да организира експедиција за лет кон Месечината и да спушти модул на површината. Ова го изјави еден од основачите на компанијата – претприемачот Навин Џејн.

Мун експрес е единствената компанија која официјално има добиено овластување од американските власти да спушти модул на површината на Месечината. Инвеститорот е убеден дека во иднина ќе може од Месечината да се носат ретки метали и хелиум 3.

Некои научници сметаат дека хелиумот 3 може да се искористи за добивање енергија. Во согласност со меѓународниот договор од 1967 година властите во САД носат одговорност за мисиите на американски недржавни претпријатија, кои се надвор од границите на орбитата на Земјата.

Во меѓувреме, исто така, во март следната година се очекуваа индиски вселенски апарат да слета на Месечината, соопшти списанието Лајф, повикувајќи се на изјава на индиската организација за вселенски истражувања.

Мисијата Чандрајан-2 ќе вклучува лунарен вселенски апарат, пловен модул и машина лунаход, која ќе ја истражува сеизмичката активност на Месечината. Еден од најважните аспекти на мисијата сепак ќе биде истражувањето на лунарната прашина, која се смета за сериозен проблем при идното колонизирање на Месечината.

Сончевото зрачење довело до формирање на слој наелектризирани јони, кои се блиску до површината на Месечината и како честички летаат, а се под влијание на електростатската левитација. Честичките продираат во сите пукнатини и може да ги оштетат механизмите и скафандрите на идните колонизатори. Се верува дека мисијата Chandrayan 2 чини 93 милиони долари.