Американските кардиолози објавија дека новиот опасен праг на крвниот притисок повеќе не е 140/90

од desk4
112 прегледи

Дијагнозата на висок крвен притисок не секогаш значи дека пациентот треба итно да започне да зема лекови за да го симне. Многу често тоа е сигнал дека треба да биде променет начинот на живот – симнување на вишокот килограми, транзиција кон здрава исхрана, откажување од штетните навики, итн. Прашањето лежи во тоа дали започнале неповратните промени во човековото здравје.

Да потсетиме дека крвниот притисок е определен од два индикатора. Систолниот, горниот притисок, кој укажува на оптоварување на крвните садови кога крвта е истуркана од срцето. Долниот индекс или дистолен притисок укажува на притисок во артериите за време на релаксација на срцевиот мускул. Двата показатели се мерат во милиметри од живата.

Нормалниот крвен притисок се смета дека е 120/80, а лекарите почнуваат да се алармираат со 140/90 крвен притисок.

Во најновиот извештај на Американската асоцијација за срце, овој опасен праг е намален на 130/80.

Првата од 2003 година промена на препораките за дијагностицирање на крвниот притисок предизвика насилни реакции. Според оваа нова норма само во САД во ризични групи спаѓаат 46% од население, а според претходниот стандард мораше да стравуваат за своето здравје 1/3 од луѓето.

Зголемениот артериски притисок е втората причина, по пушењето, за сериозни срцеви заболувања и предвесник на мозочен удар. Доколку овие проблеми најчесто биле за луѓе на возраст над 50 години, тогаш крвниот притисок сега е дијагностициран два пати почесто кај пациенти помлади од 45 години.

Според новиот извештај американските лекари веќе ја поставуваат дијагнозата за хипертензивна болест на срцето од прв степен при систолен притисок од 130 до 139 и при дијастолен 80-89.

Д-р Пол Вилтон, водечки автор на извештајот, вели дека ова треба да биде барем жолто светло што укажува на потреба за нешто да се промени. Во овој случај се иницира опасност од мозочен удар или срцев удар.

Со нова класификација се добива состојбата на човекот при систолен притисок од 120-129 и кај дијастолен помалку од 80. Тој крвен притисок сега ќе се вика зголемен.