Чоколадата може да биде невообичаен сојузник во борбата против дијабетес тип 2, велат американски истражувачи, цитирани од Daily Express.

Истражувачите од Универзитетот “Бригам Јанг” утврдиле дека одредени соединенија во какаото му помагаат на телото да секретира повеќе инсулин и да реагира адекватно на зголемените нивоа на гликоза.
Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта, чии нивоа се покачени кај пациенти со дијабетес тип 2. Кај они кои страдаат од болеста телото не произведува доволно инсулин или правилно не го преработува шеќерот во крвта. На дното на процесот се бета-клетки, кои живеат во региони во панкреасот познати како Лангерханс.
Клетките за кои станува збор се специјализирани за производство на инсулин. Тие исто така лачат хормонот амилин кој “става сопирачки” на количеството гликоза, а се наоѓа во крвта. Меѓутоа, кај дијабетес тип 2, бета-клетките не функционираат правилно и не се во состојба ефикасно да ја завршат својата работа.
Авторите на оваа студија откриле дека соединенија во какаото, познати како мономери на епикатехна, ја подобруваат способноста на бета-клетките да лачат инсулин.
За целите на истражувањето експертите поставиле глувци на богата со масти диета, по што во нивната храна додале какао соединенија. Научниците откриле дека мономер на епикатехна не само што им помагнал на глодарите да се справат подобро со зголемените нивоа на шеќер во крвта, но и придонесуваат за намалување на степенот на дебелината.
Експертите наведуваат дека нивното откритие не значи дека луѓето треба да се хранат со чоколадо богато со какао. “Она што ви треба, се корисните соединенија во какаото”, информираат истражувачите во списанието.