Американските власти стравуваат дека повеќето израелски заложници кои ги држи Хамас се МРТВИ

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Американските разузнавачки агенции стравуваат дека повеќето од заложниците кои ги држи Хамас се мртви, изјавија неименувани американски претставници за The Wall Street Journal.

Тие наведоа дека најверојатно некои од уапсените загинале за време на израелските напади во Газа, како и дека некои починале поради здравствени проблеми и повреди здобиени за време на киднапирањето, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според официјалните лица, податоците на американските разузнавачки служби се ограничени и делумно зависат од израелските служби.

Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври уби околу 1.200 луѓе и зеде 253 заложници.

105 од нив беа ослободени за време на еднонеделното примирје во ноември, а четворица беа ослободени пред тоа, а уште три беа ослободени подоцна.

Пронајдени се телата на 12 заложници, вклучително и три тела на оние што по грешка ги уби израелската армија.

Слични содржини