Американците од крузерот „Дајмонд Принцес“ си одат дома: Од трагедија, преку комедија до фарса, нашата Влада сака да не стави во карантин уште две недели

од Nikola Popovski

Околу 400 американски државјани од бродот „Дајмонд Принцес“, закотвени во јапонското пристаниште Јокохама, полетаа назад за САД, каде ќе поминат уште 14 дена во карантин, што налути дел од нив.

Си-Ен-Ен известува дека карантинот за Американците кои се упатуваат кон САД денес е задолжителен, а оние кои решиле да останат на крузерот додека не истече карантинот на 19 февруари, ќе треба да останат во Јапонија уште 14 дена.

Ова предизвика незадоволство кај патниците, кои исто така се сомневаат зошто администрацијата на САД презеде толку време да реагира и што предизвика таква драматична одлука.

– Од трагедија, преку комедија до фарса. Владата на САД сака да не транспортира без еден тест со еден куп други неиспитани лица, а потоа да нè става во карантин за уште две недели. Колку е разумно тоа“, напиша американскиот патник, Метју Смит на Твитер.

Околу 3.700 луѓе се наоѓаат на бродот во карантин од 3 февруари, кога беше откриено дека патникот кој се симна во Хонг Конг е заразен со коронавирус.

Слични содржини