Американците „спиеја“ 20 минути, па ја понижија Австралија за финале на ОИ

од Nikola Popovski
331 прегледи

Кошаркарите на САД ја декласираа Австралија во полуфиналето на Олимписките игри

Американците се мачеа во групната фаза, не се истакнаа против Шпанците во поголемиот дел од четвртфиналниот меч, но кога дојде време да се покаже класа, Австралија не можеше да им парира.

Австралијанците беа подобри во првото полувреме, имаа и +15 при 41:26, заминаа на пауза со 45:42, а потоа Американците започнаа да доминираат.

Ја добија третата четвртина со 32:10 со шоу на тројки и забивања, отидоа на +23 и стана прашање за разликата до крајот на натпреварот.

Дрим-тимот од САД немаше милост, па Австралија беше испратена на мечот за бронза со 97:78.

Дурант постигна 23 поени со девет скока, Букер додаде 20 поени. Милс играше најдобро кај Австралија и постигна 15 поени со осум асистенции и пет скока.

Во селекцијата на САД, Холидеј и Мидлтон беа двоцифрени со по 11 поени.

Во финалето, НБА ѕвездите ќе играат против Франција или Словенија, кои ќе се сретнат во 13:00 часот по локално време.

Мечот за злато ќе се одигра на 7 август во 4:30 часот по наше време, а натпреварот за бронза од 13:00 часот.

Слични содржини