Во првите осум натпревари Рубен Аморим доживеа пет порази во лигата. Тоа е најлошиот старт во последните 103 години во Манчестер Јунајтед. По поразот од Њукасл на Олд Трафорд, Аморим оцени дека тимот кој го води е во тежок момент.
„Јасно е дека треба да се бориме. Ова е многу тежок момент, еден од најтешките во историјата на Манчестер Јунајтед и мора да бидеме јасни и искрени за тоа“, изјавил Аморим по последниот натпревар годинава и поразот од Њукасл.
Запрашан дали ќе промени нешто, Аморим вели:
„Тактички гледано, менувам нешто на секој натпревар. Не можете да се фокусирате само на одбраната. Секој пат ги менувам работите, мислам дека можете да го видите тоа. Да не верувам, би менувал само затоа што сум инает. Но, кога верувам во нешто, се држам до тоа“, изјавил менаџерот на Јунајтед.
„Тешко е. Ова е еден од најтешките моменти во историјата на клубот и морам да го прифатам. Доживеавме нов пораз пред нашите навивачи. Тешко е да се сменат работите бидејќи немаме многу време за тренинзи и градење на темелите што ги сакаме. Во тешки ситуации, потребна ви е основа на која ќе се држите. Во вториот дел момците навистина се трудеа, бевме блиску до гол, но тие беа подобри“, вели Аморим.
А свесен е за проблемите во одбраната:
„Да, ние сме тим на кој лесно му се постигнува гол. Но, имавме и некои шанси за да дадеме, не ги искористивме и тоа прави разлика“.
Аморим е свесен дека борбата за опстанок е нешто што би можело да биде реалноста на Манчестер Јунајтед:
„И тоа е можно. Тоа треба да го разберат и нашите навивачи. Мораме да промениме нешто или оваа сезона ќе биде многу тешка за сите. Мораме да станеме посилни и да се бориме“, заклучил менаџерот на Јунајтед.