Модната кралица Ана Винтур, ги најавува новите модни трендови и ги советува жените: „Секогаш бидете дама“. Ако некој знае што ќе биде актуелно оваа година, тогаш тоа е таа, Ана Винтур уредничката на „Вог“. Според нејзе овие трендови ќе ги гледаме следната година.
Рамни чевли – наместо високи потпетици, балетанките и рамните чизми се модели кои ќе доминираат.
Вез – фустани и блузи со везени детаљи ќе бидат апсолутен хит.
Мантили – инвестирањето во квалитетен мантил е добра одлука. Наредната година овој класичен модел ќе биде често виден во уличната мода.
Гардероба со принт – впечатливи и шарени принтови ќе се задолжителни на облеката.
Бермуди – од сите материјали, ќе се хит следново лето, а ќе се задржат и следната година на високо место.
Силни бои – правило кое ќе важи следната година гласи – што пошарено тоа подобро. Додајте во гардеробата неколку парчиња со весели бои.
Плетени торби – ваквите торби треба да изгледаат многу интересно, а се вклопуваат во речиси секоја комбинација.
Што се однесува до фризурите, како што веќе објавивме во еден претходен текст – боб фризурата е апсолутен хит, кој треба да е со содветна должина, зависно од обликот на лицето.