Анализа на „Новости“: Кој од тимот на Вучиќ работи за ЦИА?

Коментирајќи ги наводите на Вулин, поранешниот офицер на КОС, Љубан Каран, вели дека е сосема можно непријателските шпионски служби да успеале да придобијат луѓе кои работат во институциите за да ја поткопаат државата.

од Бети Божиноска
559 прегледи

Хибридната војна против Србија е во пораст и е толку силна што странските служби наоѓаат „спијачи“ во локалниот државен апарат, кои чекаат погоден момент да се „разбудат“ и да постапат по нивна наредба во моменти на пресвртници за нашата земја, поткопувајќи ги нејзините интереси, пишува сроски „Новости“.

Тие непријателски елементи во институциите често се активираат како мегафони на западните ментори, критикувајќи ги потезите на државниот врв и правецот на нашата надворешна политика.

Вака реагираат соговорниците на „Новости“ на вчерашните тврдења на поранешниот директор на БИА, Александар Вулин, дека во околината на претседателот Александар Вучиќ има луѓе кои работат за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и против интереси на шефот на државата и на Србија, прецизирајќи дека се работи за „државно опкружување“.

Вулин изјави дека Вучиќ има сознанија за ова и дека тој е човекот што ќе одлучи дали некогаш ќе се каже вистината и што ќе се преземе во врска со тоа.

„Околу претседателот Вучиќ има луѓе кои работат за ЦИА и тој го знае тоа. Има луѓе кои не работат за доброто на оваа земја и кои работат против него“, рече Вулин и оцени дека „ова се начините да вршат притисок врз него (Вучиќ) и врз Србија“.

Иако Вулин, се разбира, не ги спомна по име функционерите за кои станува збор, списокот на евроатлантските „играчи“ во СНС не завршува со Зоран Михајловиќ и Драган Шормаз, кои се сетија да ја напуштат партијата и да станат лута опозиција дури откако ги загубија позициите, потсетува „Новости“.

„Играјќи на наводниот радикализам во таборот на прогресивците, односно спомнувајќи ја самоизолацијата и деведесеттите, ова дуо постапува според  дежурната матрица што ја користи Западот во залудниот повеќегодишен процес на превоспитување на Србите. Тие им се корисни, затоа што со овие ставови ги вчитуваат старите мантри во нов геополитички контекст во кој Вучиќ се доживува како балкански Путин, кој сака да го напушти европскиот пат,“ пишува весникот.

Тие двајца имаат занемарлива политичка моќ, но ги претставуваат ‘вентрилоквистите’ и оние на посилните позиции и во СНС и во владата и кои одамна купуваат билети за некоја идна „граѓанска“ влада користејќи изговори од типот ‘абе ние се понаку ќе направевме да го немаше него’.

„Да потсетиме, тие го уверуваа првиот човек на Србија дека „би било паметно“ да го прифати Иванденскиот ултиматум за Косово и Метохија што му го достави Западната петорка,“ пишува „Новости“

Коментирајќи ги наводите на Вулин, поранешниот офицер на КОС, Љубан Каран, вели дека е сосема можно непријателските шпионски служби да успеале да придобијат луѓе кои работат во институциите за да ја поткопаат државата.

„Практиката е таква тие да не добиваат директива и наредба веднаш да преземат нешто, туку да се притаат и да чекаат да дојде одреден момент, некоја клучна ситуација во која ќе ги изневерат нашите интереси и српскиот народ,“ објаснува Каран за „Новости“.

„Тоа е сосем можно и ако поранешниот шеф на БИА го кажува тоа, тогаш тие зборови треба сериозно да се  сфатат. За таквите работи, секако, не се бираат обични луѓе туку оние што се на позиции и кои се во можност да дојдат до значајни податоци. Треба да се земе предвид и дека еден поранешен наќалник на Генералштабот беше обвинет дека работел како странски шпион, а има многу за кои постои сомневање дека, исто така, биле вклучени во тиеработи,“ додава тој.

Слични содржини