196
Анализа спроведена во Германија потврдува дека повеќето од лицата регистрирани како лица кои починале заразени со коронавирус, всушност починале поради Ковид-19.
Во 86 отсто од случаите, обдукцијата на починатиот од корона покажала дека причина за смртта е Ковид-19, се вели во студијата.
Само кај 14 проценти од испитуваните случаи короната била пропратна болест. Најчеста причина за смрт е алвеоларното оштетување, а другата е откажување на повеќе органи.