2,8K
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше заминувањето на германската легенда Тони Крос.
Играчот од средниот ред најави крај на кариерата, а неговиот последен натпревар на клупско ниво беше победата во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
За Крос претстои ЕП во родната Германија, што се очекува да бидат негови последни настапи на теренот.
„Веќе му кажав на Тони Крос… доколку се предомисли, можеби во наредните месеци, само еден телефонски повик и ќе почнеме повторно“, изјави Карло Анчелоти.