Турскиот талент Арда Ѓулер во следната сезона ќе го носи тимот на Реал Мадрид, категоричен е главниот тренер на тимот Карло Анчелоти.
19-годишниот Ѓулер го запиша својот прв старт во Ла Лига и го постигна вториот гол за Реал во победата од 1-0 на гостувањето кај Сосиедад во петокот.
Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува за позајмица во новата сезона, но Анчелоти уверил дека ќе се потпира на него за новата сезона.
„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој може да почне да игра порано бидејќи игра толку добро на тренинзите. Тој е многу млад, но малку по малку учи каква е неговата улога во овој тим. Постигна повеќе голови отколку што играше натпревари. Тоа е дарба“, изјави Анчелоти по победата над Сосиедад.
Ѓулер оваа сезона забележа осум настапи во сите натпреварувања и постигна два гола.