Анчелоти го брани Мбапе: Доби силен удар пред црвениот картон

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Грубиот старт кој го направи Килијан Мбапе и кој му донесе директен црвен картон, беше испровоциран од серија мали прекршоци против Французинот, објасни помошникот тренер на Реал Мадрид, Давиде Анчелоти, цитиран од Ројтерс.

Реал, кој го доби натпреварот со 1-0, остана со десет играчи на теренот пред паузата, откако Мбапе крајно грубо влезе во нозете на играчот од средниот ред Антонио Бланко, а судијата го промени првичното мислење и му даде жолт картон на напаѓачот по консултација со ВАР системот.

„Килијан сигурно не е агресор, тој е момче кое се извинува и е свесен за грешката што ја направи“, изјави Анчелоти Јуниор на прес-конференцијата по натпреварот. „Тоа беше дефинитивно директен црвен картон и тој плати за тоа. Но, мислам дека имаше серија мали фаули против него кои го натераа да реагира на овој начин, што беше погрешно. Не го оправдувам тоа, но мислам дека токму тоа се случи“, додаде Италијанецот.

На Реал, кој во среда му гостува на Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако заостануваше со 0-3, му беше потребна енергија пред натпреварот и таа дојде со убавиот гол на Едуардо Камавинга. Но, мадридскиот тим настрада против Алавес кој се бори за испаѓање, кој создаде многу шанси и имаше иницијатива по паузата, но одбраната на Реал го издржа притисокот.

Алавес, исто така, го заврши натпреварот со 10 играчи, откако Ману Санчез направи прекршок над Винисиус од Реал Мадрид.

„Победата ни даде самодоверба. Знаевме дека нема да биде лесно. Она што се случи на натпреварот ни ги отежна работите, но ние излегуваме посигурни“, смета Анчелоти.

Давиде е син и помошник на Карло Анчелоти, кој го водеше Реал против Алавес поради казната на неговиот татко за акумулација на пет жолти картони.

Слични содржини