Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не го криеше незадоволството од арбитражата на Мунуера Монтеро по ремито 1:1 против Осасуна. Италијанскиот тренер имаше поплаки и за црвениот картон на Белингем и за неколку ситуации во противничкиот шеснаесетник кои не беа прегледани со помош на ВАР.
„Добро го почнавме натпреварот и добро го завршивме, иако игравме со играч помалку. Црвениот картон на Белингем… Мислам дека судијата не го разбра правилно англискиот јазик. Белингем му рече „од*би“, а не „е*и се“. Ако имало недоразбирање, шпанскиот превод е „не се шегувај со мене“, ништо сериозно… На последните три натпревари се случија работи, кои сите ги видоа и немам сила да додавам повеќе, бидејќи сакам да бидам на тренерската клупа на следниот меч“, изјави Анчелоти.
„ВАР ги разгледуваше ситуациите само во нашиот шеснаесетник, но не и во нивниот. Имаше две или три ситуации кои требаше да се разгледаат, но не беа“, додаде тој.
„Преферирам да разговарам со судијата, а не со Белингем. Белингам му кажа дека има пенал и да не се шегува со него. Тој не направи ништо за да заслужи исклучување, апсолутно ништо. Судијата погрешно ги разбра неговите зборови и тоа е се”, додаде Италијанецот.
Анчелоти ги коментираше и скандирањата против Асенсио и Винисиус: „Верувам дека има комисија која ќе разгледа што се случило за време на натпреварот“.
„Не протестирав, само му кажав на судијата дека има рака, што треба да ја прегледа ВАР“, заклучи Анчелоти.