Реал има многу проблеми со повреди оваа сезона. Затоа во јануари се очекува да се засилат мадриѓаните, но сега се чини дека нема да дојде еден играч, за кој пред еден месец се шпекулираше дека ќе биде потенцијално засилување.
Реал Мадрид од почетокот на оваа сезона го мачат повреди, особено во дефанзивниот дел на тимот. Во моментов недостапни се Карвахал, Милитао и Алаба, тројцата поради скинати лигаменти, а првите двајца се надвор од теренот до крајот на сезоната.
Давид Алаба би требало да се врати на почетокот на јануари, но прашање е во каква состојба е и дали повторно ќе биде продолжено опоравувањето како неколку пати досега. Карло Анчелоти е принуден да импровизира, па Чуамени во неколку наврати го видовме на стоперската позиција.
Затоа, Карло бара барем еден стопер од раководството на клубот во јануари кој не само што би го засилил тимот, туку и би ја подобрил бројчаната ситуација поради ротација. Играчот кој Дон Карло му го предложи на клубот е Емерик Лапорте, момче кое замина во Саудиска Арабија од Манчестер Сити.
Флорентино Перез го има последниот збор на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а токму тој го одбил овој трансфер. Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Реал Мадрид не сака да го доведе 30-годишниот стопер доколку не е слободен играч.
Бидејќи неговиот договор истекува во летото 2026 година, јасно е дека сценариото тој да пристигне како слободен играч во јануари е речиси невозможно. Останува да почекаме и да видиме дали има други опции кон кои би се свртел Реал Мадрид, но јасно е дека некој дефинитивно ќе дојде.