Менаџерот на Реал, Карло Анчелоти се соочува со неверојатна ситуација.
Според „Кориере дело спорт“, неговата УЕФА лиценца е истечена и тој повторно ќе треба да се појави пред испитна комисија.
Иако зад себе има 30 години повеќе од успешна кариера, УЕФА инсистира тој да се појави пред комисијата или нема да ја продолжи лиценцата за работа.
Сето тоа звучи парадоксално ако само се погледне трофејното CV на италијанскиот стручњак.
Освои 21 трофеј, три трофеи во Лигата на шампионите, како и трофеи во петте најсилни лиги, Премиер лигата, Лига 1, Бундеслигата, Серија А и Ла Лига.
Шпанската фудбалска федерација стапи во контакт со УЕФА, барајќи од нив да му наредат на Анчелоти повторно да поднесе барање за лиценца, и покрај тоа што има 1.200 натпревари на клупата и е еден од најтрофејните менаџери во историјата.
Карло му се приклучи на Реал минатото лето и со нив го освои шпанскиот Суперкуп, со победата над соседниот Атлетико минатиот месец.
Реал е на пат кон нова титула, откако има четири бода предност пред најблискиот тимот на Севиља.