Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вечерва изјави дека тимот одиграл подобро во второто полувреме и на тој начин го освоил Суперкупот на Европа против Аталанта.
„Не бевме добри во првото полувреме, но се подобривме во второто. Тие добија повеќе дуели од нас во првото полувреме. Во второто имавме повеќе простор, а Родриго, Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор се многу добри во тоа. Мораме да им се заблагодариме на играчите кои пристигнаа пред една недела што дојдоа во многу добра форма“, изјави Анчелоти, пренесува Марка.
Фудбалерите на Реал вечерва го освоија Суперкупот на Европа, откако ја совладаа Аталанта со 2:0. Тренерот на Реал се одрази на првиот гол на Мбапе во дресот на мадридскиот клуб.
„Мбапе има квалитет да постигне многу голови“, изјави Анчелоти.
Kylian Mbappé's first goal for Real Madrid ⚽🎥#SuperCup pic.twitter.com/tkp33z0tnm
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 14, 2024