Анчелоти не е загрижен поради недостигот на голови на Мбапе во шпанското првенство

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е загрижен поради недостигот на голови на Килијан Мбапе во досегашните натпревари во Примера. Новата ѕвезда на европскиот клупски шампион се уште нема постигнато гол на два одиграни натпревари во Примера. Францускиот напаѓач погоди за успехот од 2:0 во корист на „белите“ против Аталанта за Суперкупот на Европа.

„Тој дефинитивно напредува на тренинзите. Работи скромно секој ден и неговата адаптација оди прилично добро. Последен пат постигна гол на 14 август (на натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта). Оттогаш поминаа само две недели. Рано е да се грижиме за него. Дефинитивно сака да реализира“, прокоментира италијанскиот стручњак за време на прес-конференцијата пред гостувањето против Лас Палмас во четврток.

Мадриѓани досега имаат четири бода од два одиграни натпревари во Примера дивизион (нерешено 1:1 против Мајорка и победа од 3:0 против Ваљадолид).

„Ни претстои тешка задача против Лас Палмас, кој сака да игра фудбал. Има доста тешки натпревари во првенството и овој ќе биде таков и поради топлото време. Очекувам интензивен и отворен натпревар во што мораме да прикажеме добра игра“, изјави Карло.Анчелоти.

Тој одби да коментира за медиумите за новиот формат на натпревари во Лигата на шампионите.

Слични содржини