Анчелоти не отпатува со Реал Мадрид во Лондон

од Vladimir Zorba

Екипата на Реал Мадрид одлета на утрешното гостување на Челси во Лигата на шампионите без нивниот тренер Карло Анчелоти, кој се уште е во карантин поради коронавирусот, објавија мадридските медиуми.

Последниот ПЦР тест на тренерот повторно беше позитивен и тој го пропушти летот на неговиот тим за Лондон. Сепак, се уште има шанси тој да може да пристигне навреме на мечот, бидејќи вечерва ќе направи нов тест. Доколку овој пат резултатот биде негативен, Анчелоти вечерва или утре заминува во британската престолнина.

Италијанскиот стручњак веќе шест дена е во изолација и така не успеа да го води тимот во победата од 2:1 над Селта. Потоа беше заменет со тандем од неговиот син Давиде и другиот асистент, Абиан Пердомо.

Еден од двајцата ќе се појави на денешната прес-конференција, а голема е веројатноста дека дотичниот двоец ќе мора да го води тимот од Мадрид и на утрешниот натпревар.

Слични содржини