Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти изрази надеж дека Ливерпул нема да ја освои титулата во Премиер лигата на „Гудисон Парк“ следниот месец. Италијанскиот стручњак го сподели ова за време на брифинг. Тимот на Јирген Клоп е близу до својот 19-ти триумф во Англија, откако за последно се искачи на врвот пред 30 години, а во останатите 13 натпревари им се потребни само шест победи за да бидат крунисани како новиот шампион во Премиер лигата.
Доколку Манчестер Сити, кој е втор и заостанува 22 поени од „црвените“, продолжува да ги освојува своите натпревари, тимот Мерсисајд официјално ќе стане шампион против Кристал Палас на „Енфилд“ на 21 март. Меѓутоа, доколку Сити направи грешка на овие шест натпревари, тогаш Ливерпул и Јирген Клоп официјално ќе станат шампиони на Англија против Евертон на 16 март на „Гудисон Парк“, нешто поради кое навивачите на тимот ќе бидат повеќе од задоволни .
Говорејќи на својата прес-конференција, Анчелоти брзо одговори, кога го прашаа за можноста градскиот непријател да ја освои лигата во нивниот дом.
„Гледајте, Ливерпул ќе стане шампион. Се надевам дека тоа нема да се случи на „Гудисон“. Има толку многу стадиони, зошто на 2Гудисон“? со насмевка праша Карло Анчелоти.