Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше растргнат во своите емоции откако загуби со 3:4 од Манчестер Сити. Тој призна дека неговиот тим направил многу грешки во одбраната, но во исто време бил задоволен од трите постигнати гола. Според него, во финалето ќе се пласира тимот што во реваншот ќе настапи постабилно дефанзивно.
„Натпреварот не заврши со најдобар можен резултат за нас. Примивме 4 гола, што значи дека не се браневме како што треба. Поразот може да биде пресуден за конечниот исход. Сити покажа дека е многу силен противник, но ние пруживме отпор. Во реваншот клучно ќе биде кој ќе игра подобро во одбраната“, изјави Анчелоти.
„Играчите од средниот ред треба да помагаат во дефанзива. Не бевме доволно внимателни и ги загубивме поединечните дуели. Кога бевме без топка, запаѓавме во тешки ситуации. Сепак, мора да ја задржиме нашата самодоверба“, изјави искусниот Италијанец.
„Кога зборуваме за пеналот на Бензема, не ми падна на ум да го сменам изведувачот. Ние веруваме во Карим. Се очекуваше да погоди во десниот агол, но се обиде поинаку, шутираше во центарот и погоди. Се е нормално, ја чекаме магијата на Бернабеу во реваншот“, додаде Анчелоти.