Анчелоти откри дали ќе го преземе Бразил

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Сè почеста тема меѓу Шпанците, а всушност и целата светска јавност беше дали Карло Анчелоти ќе го преземе тренерскиот штаб на бразилската фудбалска репрезентација.

Овие приказни дополнително се разгореа по дебаклот против Аргентина, а и по отказот кој му беше врачен на селекторот Доривал Жуниор во петокот.

Бразил, без сомнение, тргна по Анчелоти, но тој уште еднаш демантираше дека ќе седне на клупата на репрезентацијата со најмногу мундијали во историјата на фудбалот.

„Не“, кратко и јасно му порача на Анчелоти.

Се мислеше дека поради неговите многу добри односи со Винисиус, Родриго, Ендрик, Едер Милитао и Касемиро можеби ќе се реши на таков чекор, но тоа очигледно нема да биде така.

„Имам договор со Реал Мадрид и немам што да додадам на таа тема. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но имам договор со Реал Мадрид и тука се е јасно“, додаде Анчелоти.

Слични содржини