214
Тренерот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти го прокоментира успехот против тимот на Манчестер Сити во 1/4-финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој „кралевите“ го добија на пенали и се пласираа во фајналфорот на турнирот.
„Одлично се браневме. Стануваше збор за преживување. Реал Мадрид е клуб чија суштина е постојаната борба за опстанок во ситуација во која се чини дека нема излез. Но, ние никогаш не се задоволуваме со тоа дека нема излез. Бевме целосно уверени дека ќе продолжиме напред“, изјави Анчелоти.
Во полуфиналето „лос бланкос“ за противник ќе го има тимот на Баерн (Минхен), кој по не помалку тензичен меч го елиминираше тимот на Арсенал.