Анчелоти пред дуелот со Борусија: Го барам од Мбапе истото, што го барав и од Бензема

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за промените во стратешките идеи на тимот од шпанската престолнина, осврнувајќи се на улогите на францускиот напаѓач Килијан Мбапе и англискиот играч за врска Џуд Белингам.

Реал Мадрид вечерва игра против Борусија Дортмунд, а искусниот Италијанец верува дека неговиот тим ќе одигра на највисоко ниво.

„Сакам Мбапе да постигнува голови, повеќе сакам да постигнува отколку да врши пресинг. Улогата на центарфор не се смени, а јас го барам од него истото, што го барав Карим Бензема. Мбапе ќе мора добро да се позиционира и да игра паметно секогаш кога ќе освоиме посед и ќе направиме брза транзиција“, изјави Карло Анчелоти.

Италијанецот верува дека Мбапе може да направи подобро од неговите осум гола во 12 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, додека Белингем, кој доби понапаѓачка улога оваа година, допрва треба да ја најде мрежата.

„Задоволни сме од работата на Белингем – тој работи напорно на теренот, се наметнува, се бори и се жртвува. Тој не е расположен за голови како минатата година, но тоа не е неочекувано“, истакна тој.

На Реал му претстои напорен распоред – по репризата на минатогодишното финале со Борусија Дортмунд на „Сантијаго Бернабеу“ денеска, во недела ќе се одигра и големо дерби во Мадрид.

„Повеќе се мачиме во игрите со посед бидејќи немаме играчи кои се добри за играње на мал простор. Има и проблем со кондицијата, не се сите на сто проценти. Високиот пресинг ни послужи добро, но ни недостасува цврстина во средниот ред. Тука тимот ја губи нишката“, објасни Анчелоти.

Кога станува збор за елитното континентално натпреварување, фудбалерите на „кралскиот клуб“ беа поразени од Лил (0:1), додека на стартот го победија Штутгарт (3:1).

Слични содржини