Анчелоти: Се е испланирано, навивачите на Реал нека бидат мирни

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека навивачите на неговиот тим можат да бидат среќни поради добрите игри на мадридскиот клуб во Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе му гостуваат на Манчестер Сити во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. На првиот натпревар одигран минатата недела во Мадрид беше 3:3. Анчелоти рече дека добро го познава менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

„Пеп може да биде мирен. Мислам и дека навивачите на Реал можат да бидат мирни и среќни што нашиот тим вака добро игра во Лигата на шампионите. Планиравме се, добро ќе се браниме, ќе напаѓаме на контра, мислам дека ќе одиграме добро. Се фокусираме на многу аспекти“, изјави Анчелоти на прес-конференција во Манчестер.

Фудбалерот на Реал, Џуд Белингем изјави дека мадридскиот клуб ќе оди на победа во Манчестер.

„Приоритет е победата, се друго е споредно. Се надевам на добра игра од мојот тим. Повеќе мислам на тимска игра отколку на индивидуална. Сити е тим против кој можеш да се подготвуваш со денови, а потоа наеднаш картите се мешаат. Мораме добро да се браниме, да бидеме храбри и да се прилагодиме на нивната игра“, изјави Белингам.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Реал се игра вечерва од 21 часот на „Етихад“.

Слични содржини