42
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја изрече својата „пресуда“ за ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе, откако напаѓачот видно тажен го напушти теренот по победата на Реал Мадрид над Атлетико во Лигата на шампионите.
Кралскиот клуб го совлада градскиот ривал со 2-1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, со головите на Родриго и Брахим Дијаз.
Медиумите во Шпанија прецизираат дека Килијан Мбапе молчел цела вечер и не изгледал среќен по последниот судиски свиреж.
„Мбапе не беше во најдобра форма, но сепак си ја заврши работата бидејќи не е лесно да се игра против одбраната на Атлетико“, го објасни неговото однесување Карло Анчелоти.