Анчелоти: Сите сме тажни во Реал

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека сака што поскоро да архивира некои неодамнешни настани поврзани со неговиот клуб и да се фокусира на натпреварот со Милан во Лигата на шампионите.

Италијанскиот стручњак прво истакна дека е тажен поради нешто што нема врска со фудбалот.

„Пред да зборуваме за било што поврзано со фудбалот, морам да истакнам дека сите сме тажни во клубот. Тажни сме поради оваа катастрофа (поплава) што ја снајде Шпанија и нејзиниот народ. Многу луѓе загинаа, а тоа е нешто што не растажи сите“, изјави Анчелоти на почетокот на разговорот со медиумите.

Италијанецот не сакаше да одговори на прашањето поврзано со доделувањето на „Златната топка“, на која не се појави никој од Реал Мадрид, вклучувајќи го и Анчелоти кој беше прогласен за најдобар тренер.

„Она што се случи минатата недела е веќе минато и повеќе не размислуваме за тоа“, порача тој.

Следниот натпревар мадриѓаните ќе го имаат против Милан во Лигата на шампионите.

„Ова е посебен натпревар поради моето минато. Милан не почна добро, но секогаш е опасен бидејќи има одличен квалитет во нападот. Имаат голем потенцијал, кој се уште не го покажале, поради што мораме да бидеме особено внимателни“, заклучи Анчелоти.

Слични содржини