Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти постави феноменален рекорд.
Италијанскиот стручњак стана првиот во својата професија кој четири пати го подигнал трофејот во Лигата на шампионите.
Пред победата над Ливерпул од 1-0, стручњакот ја освои посакуваната 10-та титула во Лигата на шампионите на Сантијаго Бернабеу во 2014 година. Првите два триумфа на кормилото на Милан ги оствари во 2003 и 2007 година.
Интересно, победата против Ливерпул на „Стад де Франс“ доаѓа точно 19 години по неговиот прв триумф на чело на „росонерите“ против Јувентус. Во 2007 година, Анчелоти го предводеше италијанскиот гигант до трофејот против Ливерпул, а загуби две години пред тоа од „црвените“ во најинтересното финале во историјата на турнирот – 2005 година во Истанбул.
Пред еден месец Анчелоти стана единствениот тренер на планетата кој ги освоил петте најголеми првенства во светот – Италија, Англија, Франција, Германија, Шпанија.