Анчелоти: Тимот е мотивиран, се обидуваме да ги решиме проблемите

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е загрижен поради неубедливиот старт на тимот во Ла Лига. Шампионите веќе направија два погрешни чекори од три можни и заостануваат 4 бода зад Барселона, која засега е без грешка. Тренерот прокоментира голем број интересни теми во пресрет на домашната пресметка со Бетис, која е в недела од 21:30 часот.

„Мислам дека навивачите ќе ни помогнат. По она што се случи против Лас Палмас (1:1) сега сакаме да го покажеме најдоброто од себе. Тимот е мотивиран да одигра силен натпревар. Се обидуваме да ги решиме проблемите. Досега сè уште не можеме да покажеме дека сме компактни на теренот и мораме да работиме на тоа, разговарав со момците и тие се согласуваат со мене“, изјави тој.

„Навикнати сме да играме во толку тесен циклус. Времето помеѓу натпреварите е мало, но отсекогаш било така. Ако зборуваме само за одбрана, Килијан е последниот за кој треба да размислуваме. Му оди многу добро. , иако тој сè уште не постигнал гол, тој создава опасности за противникот – така што неговата адаптација не е проблем. Одбраната е одговорност на сите, а не на само еден човек. Имаме проблем со враќањето во поседот на топката, како и тоа што нашите противници успеваат да „влегуваат“ меѓу редови“, додаде стручњакот.

„Мислам дека на Винисиус и Мбапе им оди добро, генерално нашата игра во нападот е на ниво. Никогаш не било проблем постигнувањето голови. Низ годините никогаш не сме имале проблем да постигнуваме голови и така ќе биде затоа што ние ги имаме најдобрите напаѓачи во светот. Не, апсолутно е нормално дека барањата од нас се најголеми. Ќе бидеме критикувани до мај, тоа е нормално за нас“, заврши Карло Анчелоти.

Слични содржини