Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изрази позитивност и покрај тоа што загуби со 1-0 во контролата со Барселона.
Тој ги коментираше и ситуациите на некои играчи во тимот.
„Убав натпревар со добар интензитет, особено во првото полувреме. Се обидов да ги пуштам во игра новите засилувања за да се прилагодат на стилот на тимот. Натпреварот беше изедначен. Се обидов да им дадам минути на сите поради нивната физичка кондиција. Уживав во натпреварот против многу силен противник. Ни беше малку тешко да ја извадиме топката одзади. Очигледно, кога ги играте Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ е полесно, но сакав да ги тестирам и младите. Одбранбено се претставија доста добро, но првпат играа заедно. Нашиот тим е комплетен, имаме многу играчи. Имаме состав кој е посилен од минатата сезона. Интензитетот на тренингот се подобри“, истакна Италијанецот.
„Многу ми се допадна Антонио Рудигер како лев бек. Не сум луд и знам дека тоа не е негова позиција, но тој е многу интелигентен. Тој може да игра на таа позиција или да ги замени местата со Давид Алаба, кој ќе игра на позицијата лев бек, но само кога е потребно. Не сакам да ја менувам централната дефанзивна двојка од минатата сезона. Еден Азар може да игра на многу позиции и мора да се прилагоди на онаа на „лажна деветка“. Му требаат минути за да ја подобри состојбата. Бензема против Клуб Америка ќе одигра 45 минути, а против Јувентус уште повеќе. Потоа ќе го пробам составот со кој ќе играм за Суперкупот на Европа. Нема никој на светот кој може да го замени Карим. Марко Асенсио и Дани Себаљос не ми пречат. Конкуренцијата е зголемена, но тоа се играчи на кои им оди добро. Дали ќе останат е нивна одлука. “, изјави Анчелоти по натпреварот.