13
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека мадридскиот клуб мора добро да се подготви за реваншот од плеј-офот за пласман во осминафиналето против Манчестер Сити, пренесоа шпанските медиуми.
Реал Мадрид го совлада Манчестер Сити со 3-2 на гостински терен во вторникот во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Не можевме да го решиме прашањето за пласман во осминафиналето, но добивме мала предност. Тоа беше добар натпревар за нас и мораме да бидеме среќни. Имавме многу шанси, но Сити ни направи и проблеми. Сега треба добро да се подготвиме за реваншот, но оваа победа ни дава голема самодоверба“, изјави Анчелоти.