Анчелоти вети дека ќе работи на тоа Бразил повторно да освојува трофеи

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, во понеделник го објави својот прв состав, со кој ќе се обиде да го извлече тимот од тежок период во подготовките за Светското првенство во 2026 година, објави Ројтерс.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид ќе го има своето деби за тимот во квалификациите за Светското првенство против Еквадор и Парагвај на почетокот на јуни.

„Поласкан сум и горд што имам чест да го водам најдобриот тим во светот. Ме очекува многу работа“, рече 65-годишниот италијански стручњак на својата прва прес-конференција.

„Среќен сум, предизвикот е голем. Отсекогаш сум имал посебна врска со овој тим. Ќе работиме на тоа Бразил повторно да стане шампион“, вети тој.

Анчелоти го наследи Доривал Жуниор, кој беше отпуштен кон крајот на март по поразот од Аргентина со 1-4 и серијата лоши резултати.

Бразилскиот тим е на четвртото место во Јужна Америка, а првите шест се квалификуваат директно за светското првенство.

„Овие два натпревари се многу важни. Се обидов да повикам играчи кои се подготвени и можат да му помогнат на тимот“, додаде Анчелоти.

„Луѓето сакаат да работам добро. Поради она што го направив во минатото, тие очекуваат да освојувам трофеи, но се надевам дека ќе го поддржат тимот бидејќи е многу важно да се има поддршка од земјата“, заклучи тој.

Слични содржини