Анчелоти: Винисиус е тажен поради црвениот картон, неговиот став е многу подобрен

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека напаѓачот на мадридскиот клуб Винисиус Жуниор е тажен поради црвениот картон што го доби на натпреварот со Валенсија.

Фудбалерите на Реал го победија тимот на Валенсија со 2:1 (0:1) во последниот натпревар од 12. коло на шпанската Ла Лига.

Винисиус на овој натпревар доби црвен картон, бидејќи од зад грб во глава го удри голманот на Валенсија, Столе Димитриевски.

Според правилата на Ла Лига, бразилскиот фудбалер би можел да биде суспендиран на најмалку четири натпревари.

„Не беше за црвен картон, требаше да добие жолт. Се надеваме дека Винисиус нема да биде суспендиран. Тешко е. Не сум на негово место, но тешко е да се поднесе се што се случи и тие навреди… Не е лесно, но тој се обидува да оди напред и да го поднесе сето тоа. Тажен е поради црвениот картон, се извини, но мора да гледаме напред“, изјави Анчелоти на прес-конференција.

„Гледам што се случува на стадионите. Неговиот став е многу подобрен во последно време. Тој може повторно да се подобри, но никој не е совршен. Работи напорно и многу се подобри за да биде најдобар играч на светот“, додаде Анчелоти.

Во понеделник од 19 часот, фудбалерите на Реал Мадрид ќе играат против Депортиво Минеиро во 1/16 финалето од Купот на Кралот.

Слични содржини