Анчелоти за повредата на Алаба: Ќе се снајдеме со тоа што го имаме…

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Реал Мадрид можеби е лидер во Ла Лига, но минува низ тежок период и поради проблемите со судиите и поради бројните повреди. Само што се затвори преодниот рок, тимот остана без уште еден централен дефанзивец откако повторно се повреди Давид Алаба. Неколку дена претходно истото му се случи и на Антонио Рудигер.

Во врска со ова, тренерот Карло Анчелоти призна дека размислува да се обложи на 20-годишниот тинејџер Јакобо Рамон, кој се уште нема одиграно ниту една минута во Примера. Ова најверојатно ќе се случи во вторник навечер кога Леганес гостува во четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија.

Аут за ова гостување се и Џуд Белингем и Килијан Мбапе, кои имаат помали проблеми.

Еве што изјави Анчелоти на својата прес-конференција на повеќе теми:

„Давид требаше да игра во вторник, но нешто му се случи. Не го очекувавме ова, како што не очекувавме и Рудигер да се повреди. Ова се итни ситуации кои сега не принудуваат да се снајдеме со она што го имаме. Феде Валверде може да биде бек, но не и стопер. Во средината ги имаме Раул Асенсио, Чуамени и Јакобо Рамон, кој долго време беше повреден, но сега може да помогне“, истакна Италијанецот.

За тоа што гледа во Чуамени за да го искористи во одбраната, тренерот на „белите“ изјави дека тој е многу силен дефанзивно во играта со висока топка, во позиционирањето и севкупно во однос на тактичкото знаење.

„Аурелиано не е навикнат да биде на оваа позиција, но му помага неговото искуство како дефанзивен играч за врска. Некогаш добро оди, некогаш има проблеми“, порача Анчелоти.

Слични содржини