Францускиот фудбалер Орелијан Чуамени постигна договор со Реал Мадрид и ќе потпише договор со актуелниот европски првак на шест години.
Оваа вест и официјално ја потврдија од шпанскиот клуб, кој објави дека е постигнат договор за соработка, а актуелниот фудбалер на Монако во вторник ќе ги мине потребните лекарски прегледи и веднаш потоа ќе биде промовиран на стадионот „Сантијаго Бербанеу“.
#WelcomeTchouaméni pic.twitter.com/QAxhUnSo7X
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 11, 2022
Она што Реал не го објави, а со што во голема мера се занимаваат светските медиуми е висината на трансферот, а како што објавија некои од нив, таа изнесува околу 100 милиони евра.
Французинот беше една од најголемите желби на тренерот на Ливерпул, Јирген Клои, но сепак реши да не се пресели на „Енфилд“ туку да замине во Мадрид.