Анџелина Џоли била “повредена” од тоа што нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит повторно зборува со Џенифер Анистон.
По разделбата со Анџелина Бред Пит се враќа кон минатото. Пред нездраво да се заљуби во Енџи за време на снимањето на филмот “Господин и госпоѓа Смит” во 2005 година Бред беше заедно со Џенифер Анистон. За ѕвездата од “Пријатели” разделбата беше особено болна и ѝ одзеде прилично време за да најде мир во прегратките на Џастин Теру.
Но, како што е познато времето ги лекува сите рани. Откако е јасно дека разводот меѓу Анџелина и Бред е неповратен, 53-годишниот актер направи сè што е можно за да го открие телефонскиот број на Џенифер, со една единствена цел повторно да стапи во контакт со неа. Од тогаш тие разменуваат пораки, се сеќаваат на “старите добри времиња”. Веста за ова пријателство сепак не е по вкусот на сите и особено за Анџелина Џоли.
Според извор близок до актерката запрашан од сајтот “Hollywood Life” ѕвездата била “лута кога разбрала дека Бред сè уште мисли за Џенифер и дека сака да контактира со неа”. Уште полошо, Енџи пламнала, кога разбрала дека идниот нејзин поранешен сопруг гребел со канџи и заби, за да го открие телефонскиот број на неговата поранешна сопруга.
“Анџелина е опседната, збунета, вознемирена и повредена од веста дека Бред можеби се обидува да се зближи со Џенифер … дотолку повеќе, скоро откако се разделиле.” Дали Анџелина сè уште е заинтересирана за Бред? Кој знае, но љубомората е првиот знак за тоа.