Анџелина Џоли фрлила око на познат, но женет актер

од desk4
106 прегледи

Година и половина по разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли се повеќе е заинтересирана за нов маж во својот живот и се чини дека фрлила око на среќно оженет, кој и притоа е помлад колега, Крис Хемсурт.

Енџи дури активирала план преку кој сакала да се зближи со Австралиецот, кој е оженет и има три деца со актерката Елса Патаки. Џоли веќе им поставила ултиматум на агентите и да му обезбедат улога, пишува RadarOnline.

“Таа навистина се восхитува на неговата актерска игра и смета дека е неверојатен на екранот. Значи многу сака да се сликаат заедно во блиска иднина. Енџи се подготвува да се врати на големиот екран и е убедена дека со Крис ќе се одлична филмска двојка.Нејзините мотиви сепак се и други – таа секој пат се возбудува кога тој е во близина и не пропушта да прозборат”, коментира извор пред медиумите.